Достапни линкови

Борците сами ги слават јубилеите


Партизаните ја ослободуваат Битола.
Партизаните ја ослободуваат Битола.

На чествувањето на 70-годишниот јубилеј од формирањето на деветте партизански одреди во Македонија, иако беа поканети, не се појави никој од државниот врв, немаше министри, пратеници, ниту претставници на локалните самоуправи од Битола и Ресен.

Борците од НОБ останаа сами во чествувањето на 70 годишниот јубилеј од формирањето на деветте партизански одреди во Македонија. Централната манифестација деновиве се одржа во реснското село Златари, каде во 1942 година беше формиран битолско-преспанскиот одред „Даме Груев“. На чествувањето, иако беа поканети, не се појави никој од државниот врв, немаше министри, пратеници, ниту претставници на локалните самоуправи од Битола и Ресен.
Ова се потресни настани, кога зборувам за нив се ежам. Среќа што некои луѓе се уште се сеќаваат, не заборавиле. Но, манифестацијата губи многу без претсавници од власта, значи не ги интересира. Ова не е празник само за мештаните и за тие неколкумина што дошле што од срце го почитуваат овој ден.
Богомил Богоев, син на народниот херој Мите Богоевски.

Преживеаните борци и потомците на паднатите херои беа револтирани што државата ги игнорираше на ваква значајна манифестација.
Претседателот на Сојузот на борци на Македонија, Тодор Атанасовски.
Претседателот на Сојузот на борци на Македонија, Тодор Атанасовски.

„Ова се потресни настани, кога зборувам за нив се ежам. Среќа што некои луѓе се уште се сеќаваат, не заборавиле. Но, манифестацијата губи многу без претсавници од власта, значи не ги интересира. Ова не е празник само за мештаните и за тие неколкумина што дошле што од срце го почитуваат овој ден“, вели Богомил Богоев, син на народниот херој Мите Богоевски.

„Се формирале одреди, воделе борба за она што денес го имаме и да нема ние еден од државниот врв е повеќе отколку за жал. Но, нека им служи на честа, како што прават, така ќе им прават. Тие би требало да бидат први овде“, рече Благој Чоновски, претседател на Сојузот на борци од Прилеп.

Од прославата на јубилејот, борците порачаа да се запрат сите обиди за прекројување на македонската историја.

„Денес Македонија не е без проблеми поврзани токму со овој историски период од Народноослободителната војна во Македонија. Но, историјата е неуништива зашто народот е неуништив. Никој не може да ја валка, а да остане неказнет. Кога тогаш ќе дојде казната“, изјави Тодор Атанасовски, претседател на Сојузот на борци на Македонија.

Во 1942 година во Македонија биле формирани девет партизански одреди кои воделе борба за ослободување на Македонија. Меѓу нив трите битолски одреди Пелистер, Јане Сандански и Даме Груев, велешкиот Пере Тошев, крушевскиот Питу Гули и други.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG