Достапни линкови

Шпанците ја напуштаат својата земја поради криза


Протести во Мадрид поради кризата.

Протести во Мадрид поради кризата.

Се повеќе Шпанци ја напуштаат својата земја поради кризата. Во првите шест месеци од 2012-та нивниот број се зголемил за 44 проценти во споредба со истиот период минатата година, соопшти денеска тамошниот институт за статистика. Според нивните податоци од Шпанија од јануари до јуни годинава емигрирале над 40 илјади луѓе. Шпанија годинава ја напуштиле и 228 илјади странци. Во земјата моментално живеат околу 46 милиони луѓе, а стапката на невработеност достигна 25 проценти.
XS
SM
MD
LG