Достапни линкови

Македонија гори на неколку места


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Два пожари во моментот се активни на територијата на Македонија соопштуваат од Центaрот за управување со кризи. Во Свети Николе има пожар кај селото Патетино, пожарот се шири во правец на селата Раченци и Мечкуевци. Во Свети Николе гори сува трева и шума на површина над 30 хектари. Гаснењето на пожарот е отежнато од силниот ветер.
Во Делчево има пожар во селото Разловци. Пожарот е ставен под контрола и неговото ширење е спречено.
На територијата на општините Берово и Пехчево во селата Робово и Умљење, пожарот е со посилен интензитет. Досега се зафатени 200 хектари со мешана шума. Пожарите во тетовското селото Желино , неготинското село Тремник и пожарот во близина на Стар Дојран се локализирани.
XS
SM
MD
LG