Достапни линкови

Ирак ги повика своите државјани да ја напуштат Сирија


Ирачката влада денеска ги повика своите граѓани кои моментално престојуваат во Сирија да ја напуштат таа земја и да се вратат дома поради „зголемувањето на напади" врз ирачки државјани. Портпаролот на ирачката влада ги повика Ирачаните кои живеат во Сирија да се вратат дома. Според УНХЦР 1,5 милиони Ирачани минатите години избегале од насилството во нивната земји и се преселиле во Сирија. Повикот на ирачките власти уследи откако двајца ирачки новинари беа убиени во Дамаск.
XS
SM
MD
LG