Достапни линкови

logo-print

ЕУ „за“ идејата за балкански Бенелукс


Европската унија ја поздравува идејата за формирање на балкански Бенелукс, односно економско и политичко здружување на Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора, што би придонело за поголема соработка и однос меѓу земјите во овој регион, јавува МИА. На прашањето од дописникот на МИА , како гледа ЕУ на идејата за „балкански Бенелукс“, од канцеларијата на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, одговараат дека се за секакво здружување и заедничко делување на земјите, посебно што веќе има позитивен пример со формирањето на Вишеградската група и на одамна постоечкиот Бенелукс.
Сепак од канцеларијата на еврокомесарот за проширување ја отфрлаaт можноста земјите што би го сочинувале балканскиот Бенелукс, а сите се се уште надвор од ЕУ, заеднички во пакет да влезат во Унијата. Затоа што секое пристапување и влез во ЕУ е посебно, без разлика дали кандидатите за членство веќе се во некаква друга унија. Влезот зависи од спецификите на секоја држава одделно.
XS
SM
MD
LG