Достапни линкови

Сирија- продолжуваат борбите во Дамаск


Сириската армија користела хеликоптери во нападите против опозициските сили во Дамаск. Извештаите велат дека тоа се најсериозните борби во главниот град на Сирија од почетокот на борбите во земјата пред 16 месеци. Ова е трет ден од борбите во неколку населби во Дамаск. Црвениот крст настаните ги опиша како граѓанска војна. Владините сили користат тенкови и ракети во битката во главниот град. Во меѓувреме, турската влада соопшти дека еден сириски генерал и неколку други воени офицери избегале во Турција во текот на ноќта, зголемувајќи го вкупниот број на дезертирани сириски генерали во Турција на вкупно 18. Сирискиот амбасадор во Ирак, кој пребегна минатата недела, ги повика сириските војници и политичари да се придружат на страната на опозиција.
XS
SM
MD
LG