Достапни линкови

Индија бара повеќе одговори од САД


Индија бара повеќе одговори од САД, откако еден американскиот воен брод во Аденскиот залив отвори оган врз еден мал рибарски брод, при што загина еден Индиец, а тројца беа повредени. Од индиското Министерство за надворешни работи соопштија дека Министерството планира да „остане во редовен допир со властите во САД и Обединетите Арапски Емирати“ за да ги дознае сите факти за инцидентот во т во водите во близина на Дубаи.
Американски официјални лица претходно изјавија дека рибарскиот брод ги игнорирал предупредувањата и пришол со голема брзина додека американскиот брод се снабдувал со гориво.
Пентагон е загрижени од напади од страна на мали чамци од 2000 година наваму кога Ал Каеда искористи мали занаетчиски бротчиња натоварени со експлозив да нападнат американски брод во Јемен.
XS
SM
MD
LG