Достапни линкови

logo-print

Антиамерикански протести во Пакистан


Илјадници пакистански исламисти извикувајќи „Смрт за Америка“ протестираат против американските воздушни напади од беспилотни летала на границата меѓу Пакистан и Авганистан. Денешните протести се организирани од Џамал ал Исалами водечкиот член на коалицијата „Одбрана за Пакистан“ во која има десничарски и исламистички групи . Протестите се одвиваат во близина на граничниот премит Торкам. Според локалните власти на протестите учествувале околу 20 илјади луѓе. Пакистанските власти ги затворија копнените рути кои ги користи НАТО за да ги снабди своите сили во Авганистан со залихи. Ваквиот чекор уследи откако при напади на американските беспилотни летала загинаа 24 пакистански војници во близина на авганистанската граница во ноември минатата година. Патиштата беа повторно отворени на 3 јули, откако САД изрази жалење за инцидентот.
XS
SM
MD
LG