Достапни линкови

Високи згради - големи проблеми


Започна изградбата на висококатниците на „Џеваир холдинг“ во општина Аеродром.

Започна изградбата на висококатниците на „Џеваир холдинг“ во општина Аеродром.

Граѓаните што ги анкетиравме не би сакале да живеат во висококатница. Ние во обична зграда не можеме да собореме пари за лифт, а не во таква, велат тие.

Пет илјади луѓе на едно место, базени и спортски центри, зголемена трговска размена, пораст на инвестициите, поттик за економијата, панорамски поглед и помодерен изглед на градот. Ова ќе го добијат скопјани по три години откако ќе се реализира огромната инвестиција на турската компанија Џеваир Холдинг вредна 300 милиони евра, беше најавено на вчерашното поставување на камен-темелник на новите четири 42-катници, два пати повисоки од највисоката зграда изградена во земјава досега. За дел од граѓаните нормална слика ако се спореди со онаа на светските метрополи.
Ние во една зграда со 30 станови не можеме да се сложиме кој да плати струја, кој да го плати лифтот ако се расипе, а не во 40-катница.

„Апсолутно таа промена требаше да дојде и порано и нема никаква причина да се сомневаме во тоа и сметам дека Скопје веќе не може да го гледаме во последните комуњарски години кога беше катастрофа, ништо не беше изградено.“

Сепак истите тие одговараат дека не би живееле во еден таков станбен објект.

„Па, затоа што сега сум човек во години и повеќе ми одговара да сум некаде на периферија. Тоа е лично мислење, тоа не значи дека не би живеел“
Скопје оди во една обратна насока од модерниот развој, дислокација, растоварување на централниот дел, помала концентрација на население, а побрз транспорт. Тука луѓето имаат еден друг интерес, Скопје не го прави тоа во последните десетина години.

„Без пари да ми го даваат не би живеела.“

„Ние во една зграда со 30 станови не можеме да се сложиме кој да плати струја, кој да го плати лифтот ако се расипе, а не во 40-катница“, велат анкетираните граѓани.

Македонците немаат навики, ниту стекната култура на заедничко живеење, ниту, пак, пари за таков живот, додаваат дел од граѓаните.

Социологот Илија Ацески смета дека светските тенденции се сепак поинакви и тие подразбираат растоварување на центарот на сметка на периферијата.

„Скопје оди во една обратна насока од модерниот развој, дислокација, растоварување на централниот дел, помала концентрација на население, а побрз транспорт. Тука луѓето имаат еден друг интерес, Скопје не го прави тоа во последните десетина години“, вели Ацески.

Постојаната концентрација на население во Скопје го комплицира животот во градот од повеќе аспекти, додава Ацески.

„Овие системи се многу поскапи за одржување, во тоа е и целиот проблем, животот тука ќе биде поскап во споредба со другите средини, а енергијата сè повеќе и повеќе ќе ја нема, во тоа е проблемот. Вие не можете да правите такви концентрации на сиромаштија“, вели Ацески.

Од друга страна, потребна е и поголема дисциплина и поголема одговорност. Немаме навики за одржување на еден микросистем кој исто така ќе бара и поголема количина на енергија која на овој начин сè повеќе ќе ја нема, додава Ацески.

Новиот комплекс 42-катници ќе се гради во скопската населба Аеродром на 280.000 квадратни метри.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG