Достапни линкови

Црвенковски и Тачи - соработка од интерес


Предизборен митинг на ДПА во Скопје на 3 јуни 2011 година.

Предизборен митинг на ДПА во Скопје на 3 јуни 2011 година.

Опoртунистичка коалиција водена од желбата за власт, но и ништо изненадувачко зашто веќе коалицира секој со секого. Коментари за најавената предизборна соработка СДСМ-ДПА.

Бранко Црвенковски и Мендух Тачи утре и официјално ќе си подадат рака. Средбата ќе се случи во некој ресторан во Тетово, а на неа ќе се разговара за можните начини на соработка за време на изборите.
Тоа е опортун спој, не е тоа прашање на формирање на политички платформи. Во таа смисла не треба да се разгледува како класична коалиција во која тие би создале некоја заедничка идеологија или заедничка политичка платформа, туку треба да се разгледува како една изборна соработка од опортун карактер.

„Предвидено е да има еден вид на работен ручек, така што ќе дискутираме околу идната соработка за локалните избори која беше најавена веќе и од страна на ДПА вчера“, изјави генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров.
Средба на претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски и на лидерот на ВМРО-НП Љубчо Георгиевски.

Средба на претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски и на лидерот на ВМРО-НП Љубчо Георгиевски.


Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ денеска соопштија дека коалицијата Тачи-Црвенковски е коалиција во која не важат кажаните зборови, оттука сосема природно и очекувано е луѓето кои меѓусебно се навредуваа и напаѓаа денес да станат најдобри соработници, тоа е така затоа што тие споделуваат исти вредности и ист морал. Заради нивното потценувачко однесување кон граѓаните повеќе од сигурни сме дека ќе бидат каззнети и дек аќе ги изгубат наредните избири се вели во соопштението на ВМРО -ДПМНЕ.

Претседателот на тетовскиот разгранок на ДПА, Луан Треси вчера изјави дека соработката меѓу двете партии ќе значи дека „во општините каде што не ќе може да победи кандидат Македонец, СДСМ ќе го поддржи кандидатот на ДПА и обратно, во оние средини каде не ќе може да победи Албанец, ДПА ќе го поддржи кандидатот на СДСМ“.
Уште еднаш се докажува вулгарноста на политичката олигархија по секоја цена да опстане и да биде на власт.

Коалицијата Тачи-Црвенковски, според некои од политичките аналитичари, претставува предизборна соработка, но не и формална коалиција меѓу овие политички субјекти.

„Тоа е опортун спој, не е тоа прашање на формирање на политички платформи. Во таа смисла не треба да се разгледува како класична коалиција во која тие би создале некоја заедничка идеологија или заедничка политичка платформа, туку треба да се разгледува како една изборна соработка од опортун карактер“, изјави аналитичарот Петар Арсовски.

За професор Алајдин Демири, пак, оваа коалиција е доказ за недостигот на политички морал и визија на актуелната политичка структура.

„Значи уште еднаш се докажува вулгарноста на политичката олигархија по секоја цена да опстане и да биде на власт“, изјави универзитетскиот професор Алајдин Демири.

Ваквата соработка меѓу двете партии може да се покаже и поволна за политичкиот амбиент, смета Арсовски.

„Тоа може да се покаже дури и здраво, бидејќи тоа се единствените две, македонска и албанска партија, кои досега не биле во коалиција. Досега секој за секого имаше лоши зборови, па секој со секого влезе во коалиција.“

Демири, пак, е уверен во неможноста за опстанок на оваа коалиција.

„Оваа коалиција ниту може да опстои, ниту ќе функционира. Тоа е паника кај двете партии како да смогнат некои сили за да направат нешто на локалните избори“, вели Демири.

Лидерот на ДПА Мендух Тачи неколкупати досега изјавуваше дека ДПА нема да се обедини со опозицијата. Во последното интервју за нашето радио тој изјави:

„Јас како лидер на опозицијата на Албанците не можам да прифатам и не ми дозволуваат тие гласови што ги имам да се ставам под чадор на некој друг лидер“, рече лидерот на ДПА, Мендух Тачи.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG