Достапни линкови

Таџикистан и Русија се договараат за воената база во Душанбе


Рускиот генерал Владимир Чиркин.

Рускиот генерал Владимир Чиркин.

Министерството за надворешни работи на Таџикистан ги негираше изјавите на руските власти дека Душанбе се согласил Москва да продолжи да ја користи воената база на таџикистанска територија. Од таџикистанското Министерство за надворешни работи велат дека изјавата на рускиот генерал Владимир Чиркин е неоснована. Чиркин претходно објави дека таџикистанските претставници генерално ги прифатиле барањата на Кремљ за користење на базата. Договорот истекува во 2014-та година. Таџикистанскиот министер за надворешни работи изјави дека разговорите во врска со воената база продолжуваат и ќе се одржат „зад цврсто затворени врати.“ Руската армија има 7.500 луѓе во воената база во близина на Душанбе.
XS
SM
MD
LG