Достапни линкови

logo-print

Мудис го намали кредитниот рејтинг на 13 банки во Италија


Американската агенција „Мудис“ го намали кредитиот рејтинг на 13 италијански банки, меѓу кои се и двете најголеми финансиски институции во Италија - „Интеса Санпаоло“ и „Уникредит“.
„Мудис“ даде и негативна перспектива и за идните рејтинзи на овие 13 банки.
Во соопштението на „Мудис“ се посочува дека рејтинзите на седум италијански банки се намалени за едно ниво, а на шест за две нивоа. Рејтинзите на „Интеса Санпаоло“ и „Уникредит“ се намалени од А3 на Баа2.
„Мудис“ ваквата одлука ја образложи со ставот дека дошло до слабеење на кредитниот профил на италијанската Влада, дека Италија се соочува со ризици предизвикани од слабата доверба на берзите и од финансиските проблеми во Грција и Шпанија, како и дека е намален интересот на инвеститорите за купување на италијански државни обврзници.
XS
SM
MD
LG