Достапни линкови

Клинтон - САД ќе го спречат Иран да развие нуклеарно оружје


Израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак на средба со американската државна секретарка Хилари Клинтон.

Израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак на средба со американската државна секретарка Хилари Клинтон.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон изјави дека САД ќе ги искористат „сите елементи на американската моќ за да го спречат Иран да развие нуклеарно оружје“. Говорејќи по средбите со израелските власти во Ерусалим, Клинтон изјави дека сите сакаат дипломатско решение и дека Израел и САД се на истата страна во однос на Иран. Западот се сомнева дека Иран развива нуклеарно оружје, а Техеран тоа го негира.

Клинтон не била во посета на Израел од септември 2010 година. Аналитичарите сметаат дека нејзината сегашна посета се должи на малиот напредок во палестинско-израелските мировни разговори.
XS
SM
MD
LG