Достапни линкови

logo-print

Францускиот министер за одбрана во посета на Узбекистан


Францускиот министер за одбрана Жан-Ив Ле Дриан.

Францускиот министер за одбрана Жан-Ив Ле Дриан.

Францускиот министер за одбрана Жан-Ив Ле Дриан разговараше со узбекистанските власти за претстојното повлекување на странските сили од Авганистан. Силите на НАТО планираат војниците и опремата да ги селат преку Узбекистан, па оттаму во Европа и САД. Поранешниот француски претседател Никола Саркози изрази загриженост во врска со трасата за преселба, велејќи дека узбекистанските власти побарале многу пари за тоа што нивната територија ќе се користи како транзит.

Францускиот министер и претседателот на Узбекистан Ислам Каримов разговарале и за безбедносните прашања во Централна Азија по повлекувањето на странските сили од Авганистан, кое се планира да заврши до крајот на 2014 година.
XS
SM
MD
LG