Достапни линкови

Талибанците забранија вакцинирање против детска парализа


Деца заболени од детска парализа во Пакистан.

Деца заболени од детска парализа во Пакистан.

Пакистанската влада го одложи вакцинирањето од детска парализа во делови од племенските области, по заканите од Талибанците. Регионалното талибанско движење во Северен и во Јужен Вазиристан воведе забрана за анти-полио кампањата во знак на протест против американските напади со беспилотни летала. Соопштуваат дека забраната ќе трае сè додека не запрат американските напади. Според локалните власти, забраната го ризикува здравјето на околу 350 илјади деца. Минатата година Пакистан забележа 198 случаи на детска парализа, што е највисок број во последната деценија. Тоа пред сè е резултат на проблеми со вакцинацијата.
XS
SM
MD
LG