Достапни линкови

Мароко го протера сирискиот амбасадор, Дамаск возврати


Амбасадорот на Мароко во Сирија денеска беше прогласен за персона нон грата, откако претходно Мароко побара од сирискиот амбасадор да си оди, соопштија од сириското министерство за надворешни работи. Мароко реши да го протера амбасадорoт поради насилствата во Сирија. Прва земја која поради насилствата во Сирија го повлече својот амбасадор беше Тунис, потоа следуваа Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Катар, Бахреин, Оман, Кувајт.
XS
SM
MD
LG