Достапни линкови

logo-print

Мубарак од болница се враќа во затвор


Поранешниот египетски лидер Хосни Мубарак.

Поранешниот египетски лидер Хосни Мубарак.

Поранешниот египетски лидер од болница се сели назад во затвор, одлучило египетското обвинителство. Хосни Мубарак по едномесечниот престој во воената болница се враќа во затвор, откако медицински експерти се согласиле дека здравјето му се подобрува. 84-годишниот Мубарак бил однесен во воената болница минатиот месец, кога доживеал мозочен удар. Се очекува денеска тој да биде преместен во затвор. За време на неговото судење за вмешаност во убиствата на демонстрантите, Мубарак во судницата го носеа во носила. Египетскиот суд го прогласи за виновен и му изрече казна доживотен затвор на почетокот на јуни.
XS
SM
MD
LG