Достапни линкови

ММФ ги намали прогнозите за глобален економски раст


Меѓународниот монетарен фонд денеска ја спушти својата проценка за глобалниот раст во текот на следните две години. Меѓународниот монетарен фонд соопшти дека финансиска криза во Европа и побавната експанзија во Кина и Индија ја ослабнале светската економија.
Во својот квартален извештај наведува дека глобалниот економски раст оваа година ќе биде 3, 5 проценти, што бележи пад бидејќи претходната проценка во април беше раст од 3, 6 проценти. ММФ предупреди дека и во Кина, Индија и Бразил, може да биде помал раст отколку што претходно се очекуваше. Организацијата исто така ја намали и својата прогноза за глобалниот раст за 2013 на 3,9 отсто, а пред три месеци прогнозираше раст од 4,1 процент.
XS
SM
MD
LG