Достапни линкови

logo-print

Прилеп очекува околу шест милиони евра од Пиво фест


Отворање на Пиво фест во Прилеп 2012. Градоначалникот Марјан Ристески.

Отворање на Пиво фест во Прилеп 2012. Градоначалникот Марјан Ристески.

Над 400 илјади посетители имало на Пиво фест во четирите фестивалски дена со што се урнати сите досегашни рекорди на манифестацијата која веќе се вбројува на светската мапа на ваквите фестивали, соопштија денеска организаторите. На Фестивалот годинава се испиле 289 тони пиво, се изеле 124 тони скара. Градот очекува околу шест милиони евра економски бенефит од Фестивалот, изјави градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.
Организаторот соопшти дека за настапот на Лепа Брена се одвоени 35 илјади евра, за Жељко Јоксимовиќ 25 илјади евра, за Кирил Џајковски 10 илјади евра, за Петар Грашо 9 илјади , а за Влатко Стефановски 5 илјади евра.
XS
SM
MD
LG