Достапни линкови

Облакодерите трасирани, инвеститорот се пожали на законите


Започна изградбата на висококатниците на „Џевахир холдинг“ во општина Аеродром .
Започна изградбата на висококатниците на „Џевахир холдинг“ во општина Аеродром .

Првиот човек на „Џевахир холдинг“, компанијата која инвестира во изградбата на четири облакодери во Скопје, се пожали на законите кои според него го попречуваат работењето на странските инвеститори.

Има одредени закони во Македонија кои го попречуваат работењето на странските инвеститори, изјави првиот човек на „Џевахир холдинг“, компанијата која инвестира во изградбата на четири облакодери, турска инвестиција вредна 300 милиони евра.

Мораме да признаеме дека има одредени закони кои малку го попречуваат работењето на странските инвеститори. Знам дека Вие работите на овој план, и ќе ве замолам сите овие работи позитивно да завршат во најскоро време.
Ибрахим Џевахир-„Џевахир холдинг“.
Според упатените, ваквата јавна поплака може да има негативни ефекти врз одлучноста на останатите странски инвеститори да почнат бизнис во Македонија. Ибрахим Џевахир ја даде забелешката на официјалната церемонија за почеток на изградбата на до сега највисокиот стамбено – деловен објект во главниот град

„Мораме да признаеме дека има одредени закони кои малку го попречуваат работењето на странските инвеститори. Знам дека Вие работите на овој план, и ќе ве замолам сите овие работи позитивно да завршат во најскоро време.“

Премиерот Никола Груевски посочи дека владата работи на случајот

„Во овој случај компанијата ’Џеваир Холдинг’ имаше проблеми со носење на некои експерти од страна и добивање на работни дозволи – на тој закон се мислеше цело време. Веќе пристапивме на подобрување на тој закон, така што можам да кажам дека Македонија ќе продолжи и понатаму со подобрување на условите за водење бизнис.“
Во овој случај компанијата ’Џеваир Холдинг’ имаше проблеми со носење на некои експерти од страна и добивање на работни дозволи – на тој закон се мислеше цело време.
Никола Груевски, Премиер на Македонија.

Вакви изјави може да бидат погубни за странските инвестиции во земјава, смета бизнисменот Ристо Гуштеров.

„Тоа испраќа лош сигнал кој мислам дека е повеќе од аспект на прегломазната администрација и спорото решавање на проблемите, осносно на сите прашања кои ги тангираат странските инвеститори“.

Џевахир при своето обраќање побара подршка на инвестицијата, како од власта, така и од опозицијата

„Треба да се здружиме кога станува збор за инвестиции во една држава. Сите треба да бидеме заедно. Почитуван премиере, ја очекуваме Вашата помош и подршка. Посакуваме да ни дадат подршка и од опозицијата и сите установи во Република Македонија“.

Изградбата се предвидува да заврши за три години. Градбата ќе се простира на површина од 33.000 метри квадратни, и ќе има 1.376 луксузни станови и еден трговски центар. Претставниците на владата изразија надеж дека со изградбата ќе се поттикне економскот раст, со ангажирање на градежни и други компании.
XS
SM
MD
LG