Достапни линкови

ДПА се приклучува на опозицискиот фронт


Лидерот на ДПА Мендух Тачи .

Лидерот на ДПА Мендух Тачи .

ДПА ќе воспостави техничка соработка со опозициската коалиција на македонските партии на Бранко Црвенковски и на Љубчо Георгиевски, било решено на денешната седница на Централното собрание на ДПА.
Лидерот на ДПА Мендух Тачи в среда на 18 јули во Тетово ќе има официјална средба со лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски. Се очекува на средбата да биде објавено влегувањето на ДПА во опозицискиот фронт . Почесниот претседател на ДПА, Арбен Џафери, пред почетокот на денешната седница изјави дека е нормално пред сите избори, локални или парламентарни, да се отвора прашањето за некаква соработка со опозицијата или пак, со другите политички партии.
XS
SM
MD
LG