Достапни линкови

Сојузот на војводинските Унгарци нема да биде дел од идната српска влада


Mандатaрот за состав на српската влада Ивица Дачиќ.

Mандатaрот за состав на српската влада Ивица Дачиќ.

Сојузот на војводинските Унгарци (СВМ) нема да биде дел од парламентарното мнозинство, соопштија денеска по разговорот во Суботица лидерите на СВМ Иштван Пастор и на социјалистите Ивица Дачиќ, на кого му е доверен мандат за состав на српската влада.

Дачиќ нагласи дека како иден премиер е подготвен да соработува со властите во Војводина, бидејќи е во заеднички интерес да имаат демократски односи, а не конфликти кои и штетат на целата држава. Тој оцени дека на „вештачки начин“ се формира мислење дека српската влада, кој се уште не е формирана, претставува закана за автономијата на Војводина.

Формирањето на новата српска влада навлегува во последната „рунда“ и до крајот на неделава се очекува да бидат познати имињата на претседателот на Парламентот и на министрите, објавија српските медиуми.
XS
SM
MD
LG