Достапни линкови

Во Унгарија пронајден еден од најбараните нацисти


Директорот на центарот Симон Визентал .

Директорот на центарот Симон Визентал .

Од центарот Симон Визентал кој бара осомничени нацисти соопштуваат дека го лоцирале еден од најбараните останати нацисти и дека тој живее во Будимпешта. Осомничениот Ласло Ксатари има 97 години и е обвинет за соучество во убиствата на 15.700 Евреи кои биле депортирани од Словачка во концентрациониот логор Аушвиц за време на Втората светска војна. Од Визентал центарот соопштија дека испратиле информации до унгарските власти.
Британскиот таблоид „The Sun“ вели дека еден од нивните новинари го следи човекот за кој се верува дека е Ксатари кој живее во една од подобрите области на Будимпешта. Ксатари бил шеф на полицијата во словачкиот град Кошице окупиран од унгарските сили за време на Втората светска војна. По војната, унгарскиот суд го осуди на смрт во отсуство. Тој избега во Канада
XS
SM
MD
LG