Достапни линкови

1.000 свадби во Узбекистан - Сакале вие или не


Гулнара Каримова на 63-тиот Кански филмски фестивал на 22 мај 2010 година.
Гулнара Каримова на 63-тиот Кански филмски фестивал на 22 мај 2010 година.

Гулнара Каримова, ќерката на авторитарниот узбекистански лидер Ислам Каримов, работи на владина кампања за зајакнување на семејните вредности, преку организирање масовни свадби и сунети, настани резервирани за деца без родители и млади двојки од семејства со ниски приходи. Но сепак, не сите се празнично расположени. Луѓето почнаа да се жалат дека биле присилени да бидат дел од церемониите, во спротивно ќе останат без пензии или други социјални услуги.

Гулнара Каримова е пејачка, композитор, моден дизајнер, професор, дипломат, филантроп и бизнисменка. Отсега ќерката на узбекистанскиот диктатор Ислам Каримов може да си препише уште една професија на набилданата листа достигнувања, а тоа е организатор на свадби.
Кога отидов во канцеларија на градоначалникот да побарам помош и да се пожалам за мојот „крпен“ живот, тие ме принудија да „правам“ свадба во организација на Фондацијата Форум.
Араздурди Тошматов, жител на Узбекистан.

Во Узбекистан оваа година е прогласена за година на „цврсто семејство“, а Каримова се вклучува во таа кампања со организација на 1.000 свадби и уште толку сунети кои се организираат преку нејзината добротворна организација, Фондација Форум.

Нејзината фондација соработува со организации од висок профил како УНЕСКО, УНДП, и Британскиот совет. Фондацијата во март организираше 123 венчавки и 200 сунети на масовна церемонија во узбекистанските региони Навои и Кашкадарија.

Но, на сите не им е до веселба. Затоа што луѓето почаа да се жалат дека биле присилувани да учествуваат во церемониите, во спротивно ќе останат без пензии и други социјални услуги.

Дваесет и шест годинишниот Араздурди Тошматов прима инвалидска пензија, оженет е и има еден син. Тој за узбекистанскиот сервис на Радио Слободна Европа изјави дека бил принуден од локалните власти да учествува на манифестацијата.

„Кога отидов во канцеларија на градоначалникот да побарам помош и да се пожалам за мојот „крпен“ живот, тие ме принудија да „правам“ свадба во организација на Фондацијата Форум“, вели Тошматов.

Тој објаснува дека службениците од канцеларијата на градоначалникот му рекле дека ако не учествува во церемонијата ќе го намалат неговото месечно инвалидско осигурување. Но, сепак, тој не ги добил примањата за јуни и јули, затоа што, како што им кажале од банката, сите пари се потрошени за свадба.
Свадба во Узбекистан, организирана од Гулнара Каримова.
Свадба во Узбекистан, организирана од Гулнара Каримова.
Свадбата беше добра, но тоа се џабе фрлени пари, поарно ќе беше да ни платеа.
Араздурди Тошматов, жител на Узбекистан.

„Свадбата беше добра, но тоа се џабе фрлени пари, поарно ќе беше да ни платеа“, вели Тошматов.

Случајот на Тошматов не е единствен. И 76-годишниот пензионер Адам вели дека кога отишол по својата пензија му рекле дека доцни, а кога прашал за причината, службениците му одговориле дека свадбените церемонии на Фондацијата Форум ги потрошиле средствата наменети за пензии.
Гулнара Каримова на 65-иот Кански филмски фестивал на 21 мај 2012 година.
Гулнара Каримова на 65-иот Кански филмски фестивал на 21 мај 2012 година.

Од Фондацијата признаваат дека општините им се едни од партнерите, но како партнери се наведуваат и други приватни и државни компании.

Од фондацијата луѓето добиле стилизирани часовници со амајлии дизајнирани од Камирова, но Тошматов вели дека подароците што тој и жена му ги добиле, тепихот, ѕидниот часовник и телевизорот се од некој локален бизнисмен.

Фондацијата е основана во 2004 година и има широк спектар на активности, како организација на модни ревии за деца, изложби на уметнички дела, а сега и организирање на свадби и сунети. Фондацијата исто така може да се пофали со импресивна низа на партнери, вклучувајќи ги и (според нив) музејот Лувр. Гулнара Каримова е претседателка на одборот на организацијата на доверители.

Не се знае точното потекло на богаството на Каримова, но таа е одамна врзана за компанијата Зеромакс која беше преземена од страна на државата во 2010 година, откако претходно со години стекнуваше мнозинството акции во речиси секоја важна индустрија во Узбекистан.

Kаримоваа ја искористила нејзината убавина, харизма и добротворни проекти во државни цели и сега Узбеците можат модерно да се облекуваат и да се женат под нејзина закрила, сакале тие или не.

Според извештајот на Амнести интернејшнал за 2011, Узбекистан е една од земјите каде најмногу се кршат човековите права. Режимот на Каримов го карактеризираат тортура, верски прогон и силна цензура.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG