Достапни линкови

Ракометната федерација казнета со 3.000 евра казна


Ракометната федерација на Македонија е казнета со 3.000 евра каза од Европска ракометна федерација. Во дописот што денеска го добиле се наведува дека се казнуваат поради фрлање тврди предмети од страна на македонските навивачи на квалификацискиот натпревар за СП со Австрија. РФМ има право да се жали на ваквата одлука.
На натпреварот одигран на 9 јуни во Скопје, македонските навивачи испровоцирани од однесувањето на австрискиот голман Томас Бауер во неколку наврати фрлија тврди предмети кон него. Тоа беше забележано во извештајот на делегатот, а Европската федерација реагираше со денешната казна.
Во дописот од нивна страна македонската федерацијата се предупредува и за подолгиот прекин кој настана поради проблемот со семафорот.
Македонија во двомечот со Австрија победи со вкупни 60:58 и се пласира на Светското првенство во Шпанија.
XS
SM
MD
LG