Достапни линкови

logo-print

Капело ќе биде тренер на руската репрезентација


Фабио Капело

Фабио Капело

Руската фудбалска федерација го назначи Фабио Капело за нов тренер на руската национална фудбалска репрезентација. Од руската фудбалска федерација соопштија дека деталите на договорот со Капело наскоро ќе бидат финализирани.
Се очекува договорот да трае до крајот на Светското првенство во Бразил во 2014-та.
Весникот„Спорт Експрес“ пишува дека на 66-годишниот Италијанец му било понудено шест милиони евра годишно да го преземе рускиот национален тим, откако од тоаесто си замина Холанѓанецот Дик Адвокаат, кој си поднесе оставка по разочарувачките резултати на рускиот тим во првиот круг од Евро 2012.
Капело беше тренер на италијанските клубови Милан, Рома и Јувентус, и го предводеше англискиот национален тим на Светскиот куп 2010. Тој се повлече од функцијата во февруари.
XS
SM
MD
LG