Достапни линкови

logo-print

Грузија- расте популарнноста на опозицијата


Лидерите на опозицијата маршираат низ Тбилиси.

Лидерите на опозицијата маршираат низ Тбилиси.

Грузиската владејачка партија Обединето национално движење со 36 отсто поддршка ја задржа двоцифрената предност пред опозициската коалиција Грузиски сон, предводена од тајкунот Бидзина Иванишвили, која минатиот месец имала поддршка од 18 отсто од Грузијците. Ова го покажуваат резултатите од анкетата спроведена од Националниот демократски институт, кој е формиран од американската влада, во пресрет на октомвриските парламентарни избори.
Сепак, анкетата покажува дека популарноста на опозициската коалиција е зголемена за 8 отсто од крајот на февруари досега, додека поддршката за владејачката партија опаднала за 11 проценти.
XS
SM
MD
LG