Достапни линкови

Тешко дека Бан Ки Мун ќе не изненади


Brazil -- UN Secretary General Ban Ki-Moon speaks during a press conference following the UN Conference on Sustainable Development Rio+20 opening ceremony at RioCentro, in Rio de Janeiro, 20Jun2012
Brazil -- UN Secretary General Ban Ki-Moon speaks during a press conference following the UN Conference on Sustainable Development Rio+20 opening ceremony at RioCentro, in Rio de Janeiro, 20Jun2012

Од МНР велат дека градат политика на доброседство и се заинтересирани за интензивни преговори со Грција, чекајки го посредникот Метју Нимиц, кој заедно со генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун ќе допатува во Скопје на 25 јули. На пријатно изненадување, се надева и премиерот Никола Груевски, но аналитичарите се сепак, внимателни во проценките.

Во наш интерес е да се интензивираат преговорите за името и нашите последни пораки кон соседна Грција се во насока на градење добрососедство, така што нашата политика во тој поглед е проактивна, велат од Министерството за надворешни работи по најавите дека во посета на Македонија доаѓа генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун. Тоа што во негова придружба доаѓа и медијаторот во спорот за името Метју Нимиц го објаснуваат како резултат на конкретното прашање за кое во земјава тој би покажал интерес и ништо повеќе од тоа.
Во политиката, пријатните изненадувања се многу ретки, да не кажам воопшто ги нема, меѓутоа сите тие посети сигнализираат еден нагласен интерес за Македонија и тоа е добро. Сепак, не треба да се заборава дека НАТО, а после тоа и ЕУ поставија своја политика - прво името па после членство, не можеме да се надеваме дека таа политика преку ноќ ќе биде променета.
Ристо Никовски, поранешен дипломат.

Во вчерашната изјава, премиерот не исклучи да се случат и нови моменти или како што рече некое ново пријатно изненадување. За повеќето од експертите, пак, во овој момент состојбите и погледите од двете страни на границата не нудат можност за какви и да е изненадувања.
Архивска фотографија: Средба на премиерот Никола Груевски со посредникот на ОН Метју Нимиц во Скопје.
Архивска фотографија: Средба на премиерот Никола Груевски со посредникот на ОН Метју Нимиц во Скопје.

„Во политиката, пријатните изненадувања се многу ретки, да не кажам воопшто ги нема, меѓутоа сите тие посети сигнализираат еден нагласен интерес за Македонија и тоа е добро. Сепак, не треба да се заборава дека НАТО, а после тоа и ЕУ поставија своја политика - прво името па после членство, не можеме да се надеваме дека таа политика преку ноќ ќе биде променета“, вели поранешниот амбасадор Ристо Никовски.

Во Министерството за надворешни работи сепак посочуваат дека медијаторот Нимиц е тој кој го диктира темпото на разговорите, па според тоа какви и да се новости можат да се очекуваат само од него. Ние ги испративме нашите сигнали повеќепати дека сме отворени и заинтересирани за продолжување на разговорите, велат во МНР.

Професор Мерсел Биљали, пак, се сомнева во подготвеноста на македонската влада за суштински напредок.

„Поради тактика. Еве пред три-четири дена имавме некаков сет понуди во однос на Грција за не знам какво придвижување. Секогаш ќе има глумење дека имаме волја да го решиме тој проблем, но јас сум многу сигурен дека овие луѓе што ја водат државата немаат капацитет да го решат тој проблем.“

Минатата недела Скопје го посетија двајца министри за надворешни работи од ЕУ, австрискиот и словачкиот, со силна поддршка за напредокот на Македонија кон Унијата, но и со пораки дека Македонија мора да вложи максимални напори за да ја отклони пречката која не и овозможува почеток на преговори со Унијата.
XS
SM
MD
LG