Достапни линкови

Уставниот суд на Германија во септември за спасувачкиот фонд на ЕУ


Германскиот Уставен суд денеска соопшти дека во септември ќе реши дали ратификацијата на новиот постојан спасувачки фонд била во согласност со Уставот. Германската влада смета дека Судот на би требало да ја одложува одлуката, бидејќи со тоа се влошуваат условите на пазарот, посебно во задолжените земји како Грција и Шпанија. Парламентот на 29 јуни ги поддржа законите за ваквиот фонд, но претседателот Јоаким Гаук не ги потпиша пред за тоа да се изјасни Уставниот суд.
XS
SM
MD
LG