Достапни линкови

logo-print

Полицијата трага по лицата што го запалија македонското знаме во Чаир


Македонската полиција трага по две лица кои синоќа го запалиле македонското знаме пред општината Чаир. Тие, како што соопшти МВР, најпрвин ги симнале од јарболите и македонското и албанското знаме, по што го запалиле македонското, а албанското го оставиле пред влезот на општината. Во јануари годинава стружанецот Минир Исмаили го запали македонското знаме пред општинската зграда во Струга. Тој е осуден на казна затвор од пет месеци поради предизвикување расна и етничка омраза.
XS
SM
MD
LG