Достапни линкови

Меѓународната заедница пред нова одлука за Сирија


Тремеш
Тремеш

Обединетите нации го интензивираат притисокот врз Русија и Кина за да поддржат поцврста акција против сиријскиот претседател Башар ал Асад за запирање на крвопролевањата во таа земја. Во Москва, на разговори со рускиот државен врв, е меѓународниот пратеник Кофи Анан, додека во Пекинг е генералниот секретар на Светската организација Бан Ки Мун.

До интензивната дипломатска акција доаѓа со оглед на тоа што Советот за безбедност на Обединетите нации в петок мора да реши дали да ја обнови мисијата во Сирија.

Сиријскиот претседател Башар ал Асад се соочува со нови критики по борбите во селото Тремеш, за кои активистите ги нарекоа масакр. Сирија ги отфрли ваквите наводи, како и обвинувањата од Анан дека сиријските сили употребиле тешко вооружување и хеликоптери во Тремеш.
Владините сили не употребиле авиони, хеликоптери, артилерија и тенкови. Се што е кажано во врска со тоа не е вистина. Ја знаеме целта на таквите тврдења и нивниот тајминг со дискусиите во Советот за безбедност. Тие сакаат дополнителни аргументи за да ја убедат Русија
Џихад Макдиси, портпарол на сиријското министерство за надворешни работи.

„Владините сили не употребиле авиони, хеликоптери, артилерија и тенкови. Се што е кажано во врска со тоа не е вистина. Ја знаеме целта на таквите тврдења и нивниот тајминг со дискусиите во Советот за безбедност. Тие сакаат дополнителни аргументи за да ја убедат Русија“, изјави портпаролот на сиријското министерство за надворешни работи Џихад Макдиси.

Тој додава дека она што се случило во селото не било напад на армијата врз цивили, туку борби со илегални вооружени групи кои, како што рече, не веруваат во политичко решение.

Меѓународниот Црвен крст конфликтот во Сирија го означи како граѓанска војна, односно дека сите кои учествуваат во борбите, без разлика на која страна и припаѓаат, можат да бидат обвинети за воени злосторства.

Претходно, францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека се уште има време да се избегне граѓанска војна во Сирија.

„Најлошо ќе биде да има граѓанска војна во Сирија. Значи ајде заедно да најдеме политичко решение за да ја одбегнеме граѓанската војна. Се уште има време.“
Кофи Анан
Кофи Анан

Во меѓувреме, има извештаи дека во главниот град Дамаск борбите продолжуваат да се шират. Според наводите, станува збор за најжестоки битки од почетокот на востанието против претседателот Асад пред повеќе од една ипол година.
Чекањето на американскиот претседател Обама ден по изборите да донесе одлука за Сирија е неприфатливо. Игнорирањето на смртта на десетици илјади сиријски цивили може да доведе до експлозија на целиот Биски Исток.
Абдел Басет Саида, шеф на главната сиријска опозициска група.

Активисти во Дамаск соопштија дека сиријската армија го затворила патот до аеродромот и се обидувала да ги опколи бунтовниците во неколку населени места.

Иран, земја која му е најблизок сојузник на Асад, соопшти дека е подготвен да биде домаќин на разговори меѓу сиријската влада и опозицијата. Шефот на иранската дипломатија Али Акбар Салехи изјави дека кризата во Сирија единствено може да биде решена меѓу самите Сиријци без мешање однадвор.

Генералниот секретар на Арапската лига Набил ал Араби, пак, смета дека постојат јасни докази дека во Сирија се спроведувало етничко чистење. Тој затоа побара меѓународната заедница да употреби сила за да ги спречи ваквите злосторства.

На ист став е и шефот на главната сиријска опозициска група, Националниот совет на Сирија, Абдел Басет Саида.

„Чекањето на американскиот претседател Обама ден по изборите да донесе одлука за Сирија е неприфатливо. Игнорирањето на смртта на десетици илјади сиријски цивили може да доведе до експлозија на целиот Блиски Исток“, изјави Саида.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG