Достапни линкови

Ердоган повторно кандидат за лидер на Партијата на правдата и развојот


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави дека повторно ќе се кандидира за претседател на владејачката Партија на правдата и развојот. ,,Тоа е ќе биде четврт и последен пат,, нагласи тој. Ердоган ќе биде единствениот кандидат за лидерската позиција на Големиот редовен конгрес на партијата, кој ќе се одржи на 30 септември. По изборите на 12 јуни 2011 година, на кои Партијата на правдата и развојот извојува убедлива победа, Ердоган изјави дека повеќе нема да се кандидира за лидер на партијата. Аналитичарите прогнозираат дека Ердоган по две години, кога истекува претседателскиот мандат на Абдула Ѓул, планира да се кандидира за шеф на државата.
XS
SM
MD
LG