Достапни линкови

Пожари во Разловци, Лопушник и Желино


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Дирекцијата за заштита и спасување информира дека денеска од 14 до 18 часот се регистрирани пожари во Разловци-Делчево, каде гори борова шума, површина - околу 50 хектари, Лопушник-Општина Другово, каде гори нискостеблеста шума три хектари и исечено огревно дрво, како и во Желино каде гори ниско стеблеста шума.

Во Делчево на терен има 40 лица од комуналните претпријатија, шумари и пожарникари кои го контролират пожарот. Досега не е побарана помош од градоначалникот на Делчево до Дирекцијата за заштита и спасување да се ангажираат нивни вработени, наведуваат од ДЗС.

Пожарот во Лопушник-Другово е под контрола, а пожарот во Желино кој беше локализиран и одново се активира го контролират седум вработени од Македонски Шуми, 10 лица од Општинските Просторни Сили-Желино, и четири лица од ДЗС ПО-Тетово, како и од месното население од .Желино.

Од ДЗС информираат дека нема нови пожари на територијата на Македонија.
XS
SM
MD
LG