Достапни линкови

Британската влада ја брани одлуката за ангажирање на трупи за ОИ


Британски функционер задолжен за Олимписките игри ја бранеше денеска одлуката на својата влада да се ангажираат дополнителни воени трупи за безбедност на игрите, бидејќи приватната компанија што требаше да го прави тоа не обезбедила доволно луѓе.
Министерот за култура Џереми Хант денеска рече дека не е време да се обвинува компанијата Г4С заради тоа што не обезбедила 10.400 редари, како што ветила.

„Владата брзо реагираше и активирани се резервните планови, односно се ангажирани уште 3.500 војници“, изјавил министерот.
XS
SM
MD
LG