Достапни линкови

Груевски - нема нови најави од Бан Ки Мун, но може да изненади


Премиерот Груевски на средба со генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун , 2011.

Премиерот Груевски на средба со генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун , 2011.

Премиерот Никола Груевски очекува генералниот секретар на ОН Бан Ки Mун да ја искористи најавената посета на Македонија во рамки на неговиот престој во регионот за непосредно да се запознае со разговорите за спорот за името.

Премиерот вели дека засега немa најавено ништо конкретно во смисла на некои нови преговори или слично, но не исклучува изненадување.

„Мислам дека нема да има нови преговори, туку тој доаѓа да направи сопствена анализа, да види кои се деталите и проблемите. Меѓутоа, се може да се случи. Може да имаме и некое пријатно изненадување со некои нови моменти. За сега таква најава нема“, вели премиерот Никола Груевски.

Бан Ки-мун ќе допатува во Скопје нa 25 јули, како дел од неговата поширока балканска турнеја.
XS
SM
MD
LG