Достапни линкови

logo-print

Француска партија ќе ја тужи Мадона


Мадона.

Мадона.

Француската екстремно десничарска партија „Национален фронт“ соопшти дека планира да ја тужи поп-ѕвездата Мадона, откако на синоќешниот концерт на пејачката на Стад де Франс во Париз беше емитувано видео на кое лидерката на партијата Марин Лепен е прикажана со кукаст крст на челото. Видеото се прикажува и на другите концерти од турнејата на Мадона. Партијата и претходно го изрази својот гнев од потегот и предупреди дека ќе преземе мерки ако видеото биде прикажано во Франција. Марин Лепен го презеде лидерското место на партијата Национален фронт од нејзиниот татко Жан Мари Лепен. Таа се обидува да се ослободи од имиџот на расистичка и антисемитска партија.
XS
SM
MD
LG