Достапни линкови

Галичка свадба- младенците добија икона од претседателот


Претседателот Ѓорге Иванов е покровител на манифестацијата.

Претседателот Ѓорге Иванов е покровител на манифестацијата.

Во Галичник заврши јубилејот педесет години од првата Галичка свадба. Младенци на оваа свадба беа Даница Тортеска и Трајче Лозаноски. Покровителот, претседателот на Македонија Ѓорге Иванов честитајќи им го бракот на младенците заедно со сопругата Маја им подарија икона.

„ Галичката свадба е израз на сета наша автентичност, сочувани обичаи, нешто што не прави посебни. Ова добар пример како идните поколенија и помлади генерации треба ја чуваат традицијата и како преку тоа да посветат внимание на сопствениот идентитет“, изјави претседателот Иванов.

Изведувањето на обичаите почна вчера и продолжија од утрово. Изведувањето на триесетина обичаи карактеристични за мијаците беше заокружено со венчавката во црквата "Св. Петар и Павле".

Галичката свадба, прв пат е организирана манифестација од 1963 година, а во изминатите пет децении прерасна во туристичка атракција. Содржи 30 свадбени обичаи од мијачкиот крај. Свадбите во Галичник секогаш се правеле околу верскиот празник Петровден кога печалбарите се враќале дома.
XS
SM
MD
LG