Достапни линкови

Се срушила зграда во Александрија, 10 загинати


Алаксандрија.

Алаксандрија.

Најмалку 10 луѓе загинале кога се урнала зграда во изградба во египетскиот град Александрија, соопшти тамошното Министерство за здравство. При несреќата се повредени уште 5 луѓе, а спасувачки екипи го пребаруваат теренот за да видат дали има затрупани луѓе под урнатините. Зградата која имала 11 ката се урнала врз три други згради. Сите загинати и повредени живееле во трите помали згради.
XS
SM
MD
LG