Достапни линкови

Египетскиот лидер на самит на Африканската унија


Новоизбраниот претседател на Египет Мохамед Морси.

Новоизбраниот претседател на Египет Мохамед Морси.

Новоизбраниот претседател на Египет Мохамед Морси заминал за Етиопија за да присуствува на самитот на Африканската унија. Ова за Морси е прва официјална посета во странство откако ја презеде функцијата. А, ова ќе биде и првпат египетски лидер да присуствува на африкански самит од 1995 година наваму кога Хосни Мубарак преживеа обид за атентат во Адис Абеба. Присуството на Морси на самитот се сфаќа како обид од страна на исламистичкиот лидер за подобрување на односите со земјите членки на Африканската унија.
XS
SM
MD
LG