Достапни линкови

Нов „Детонатор“ го оштетил буџетот за 10 милиони евра


Архивска фотографија:Презентацијата на предмети запленети во акцијата „Детонатор“.

Архивска фотографија:Презентацијата на предмети запленети во акцијата „Детонатор“.

По спроведените контроли во објекти наменети за приредување игри на среќа од 1 април годинава, министерството за внатрешни работи констатирало дека 29 објекти лоцирани во повеќе градови приредувале игри на среќа, без да поседуваат лиценци. При извршените контроли во овие објекти пронајдени се и одземени 574 покер апарати, 17 електронски рулети и маса за играње „Блек џек“.

Во рамки на контролите, извршени се претреси и во деловни објекти, друштва, магацински простории за кои постоело сознанија дека во истите се складирани автомати за игри на среќа. И во нив полицијата пронашла 360 апарати за игри на среќа и еден електронски рулет.

Пријавените со овие кривични дела го оштетиле Буџетот на Македонија за 10 милиони евра, по основ на неплатени давачки предвидени со „Законот за игри на среќа и забавни игри“.
XS
SM
MD
LG