Достапни линкови

Јапонија- спасувачи во потрага по исчезнати во поплавите


Јапонските спасувачки екипи се во потрага по исчезнати луѓе за време на поплавите предизвикани од рекордните врнежи. Досега во невремето загинале 22 луѓе, а стотици илјади се погодени. Многу од нив се сместени во спасувачки центри. Во извештаите се наведува дека околу 5.000 луѓе се заглавени поради лизгање на земјиште предизвикано од поплавите. На околу 250 илјади луѓе им е наредено да ги напуштат своите домови во префектурите на Фукуока, Сага, Кумамото и Оита.
XS
SM
MD
LG