Достапни линкови

Двајца алпинисти загинале на Мон Блан


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Двајца алпинисти загинале на Мон Блан, откако во петок на 13 јули ги зафатило невреме, соопштија денеска спасувачките екипи. Според нив жртвите се една девојка од Полска и едно момче од Шпанија кои биле пронајдени на надморска височина од 4.400 метри на планината Дом ди Гуте на француско- италијанската граница. Двајцата алпинисти ја искачувале планината со уште двајца Шпанци кога ги зафатило невремето. Шпанците се вратиле во планинарското засолниште и ги информирале властите да пратат помош по нивните пријатели. Италијански хеликоптер ги пронашол синоќа, но алпинистите веќе биле мртви. Минатиот четврток во лавина на француските Алпи загинаа 9 алпинисти, а други девет беа повредени.
XS
SM
MD
LG