Достапни линкови

Мистериозна жена во придружба на севернокорејскиот лидер


Атрактивната мистериозна жена кој се појави заедно со севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун на неколку неодамнешни јавни настани уште еднаш се појави на државната телевизија, зголемувајќи ги шпекулациите дека таа е сопруга на Ким. Младата жена денеска беше прикажана на телевизијата во присуство на севернокорејскиот лидер, како одат во посета на една градинка. Медиумите претходно пишуваа дека таа е поп ѕвезда која била во романтична врска во Ким пред една декада.
Но некои аналитичари од Јужна Кореја велат дека тоа е жената на Ким и дека на тој начин што таа често се појавува во јавност сака да се прикаже стабилноста на земјата по смртта на таткото на Ким долгогодишниот лидер Ким Јонг-Ил.
XS
SM
MD
LG