Достапни линкови

Французинка силувана во Скопје


Тројца непознати сторители ноќеска во Скопје силувале 22 годишна државјанка на Франција, соопшти полицијата. Девојката запознала дечко во еден скопски ноќен клуб и го прифатила пијалокот што тој и го понудил. Подоцна тој насила ја однел надвор, ја качил во такси и ја однел во хотел каде ја силувал. Потоа сторителот повикал уште тројца луѓе, ја ставиле девојката во возилото и ја однеле на паркинг во близина на хотелот, каде уште двајца ја силувале. Девојката случајот го пријавила во полиција, рекла дека најверојатно во пијалокот и било ставено нешто, бидејќи немала сила да вика и да се брани. Полицијата презема мерки за расчистување на настанот.
XS
SM
MD
LG