Достапни линкови

Сирискиот режим негира дека во Тремсех имало масакр


Режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад негираше дека користеле тенкови и хеликоптери во смртоносните напади во едно село во централниот дел на земјата. Опозициските активисти нападот го опишаа како „масакр.“ Обединетите нации соопштија дека сириските владините сили вчера го нападнале селото Тремсех целејки кон армиски дезертери и активисти. Очевидци на настанот изјавија дека повеќе од 200 луѓе биле убиени во нападот. Дамаск рече дека не бил напад туку судир со вооружени бунтовници. Насилството предизвика нова меѓународна осуда. Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун повика Кина да го подржи мировниот план од шест точки предложен од Кофи Анан. Се очекува рускиот претседател Владимир Путин да даде подршка за планот за време на разговорите со Анан во Москва во вторник, соопшти денеска официјален Кремљ.
XS
SM
MD
LG