Достапни линкови

Италијанските поморски патроли заплениле 250 килограми марихуана


Италијанските поморски патроли заплениле над 250 килограми марихуана во Отрантскиот канал и уапсиле двајца албански државјани, жители на Драч кои со чамец ја транспортирале дрогата, јави дописникот на МИА од Тирана.
Италијанските медиуми јавуваат дека италиjaнски авион при вообичаена конрола на Отрантскиот канал нешто пред полноќ, го забележал чамецот како се движи во правец на италијанскиот брег со изгаснати светла. Веднаш потоа во неговото следење бил вклученни и хеликоптер се до впловување на чамецот во италијанските територијални води. Двајцата албански државјани, кога сфатиле дека се откриени се обиделе да го потопат чамецот. На пазарот запленетата дрога достигнува вредност од околу два милиони евра.
Од почетокот на годинава само италијанските поморски полициски патроли имаат запленето околу пет тони мархуана од Албанија.
XS
SM
MD
LG