Достапни линкови

Јапонија- поплавите предизвикаа лизгање на земјиште


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Повеќе од 5.000 луѓе се отсечени од лизгање на земјиштето како резултат на поплавите во југозападниот дел на Јапонија. Локалните власти соопштуваат дека се користат хеликоптери за да се снабдат луѓето кои се наоѓаaт во планинските области во северниот дел на островот Кјушу. Дваесет луѓе веќе починаа како резултат на поплавите на Кјушу. Речиси на една четвртина од еден милион луѓе колку што живеат на островот им е наредено да ги евакуираат нивните домови. Во регионот веќе четири дена има обилни врнежи.
XS
SM
MD
LG