Достапни линкови

Осуден Узбекистанец кој планирал атентат на Барак Обама


Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот суд го осуди 22 годишниот узбекистанец Улугбек Кодиров на 15 години затвор, под обвинение дека планирал да изврши атентат врз американскиот претседател Барак Обама. Кодиров во февруари призна дека решил да го убие Обама, откако на интернет комуницирал со еден маж кој мислел дека е член на узбекистанска милитантна група.
Властите соопштија дека Кодиров се обидел да купи оружје од еден нивен информатор. Кодиров во 2009 година пристигнал во САД со студенска виза.
XS
SM
MD
LG