Достапни линкови

Нема туризам само од реклами


Три девојки скокаат во Охридското Езеро на зајдисонце.

Три девојки скокаат во Охридското Езеро на зајдисонце.

Македонија се стреми да стане туристичка земја, но дали рекламите за промоција за привлекување на странските туристи и за подобрување на домашната услуга имаат ефект? Експертите се согласни - реклами треба да има, како и владини тела за развој на туризмот, но недостига долгорочна стратегија и професионализам, а потребно е да се зголеми понудата на пазарот.

Со серијата спотови „Македонија вечна“ и „Мојата чудесна земја - Истражи ја Македонија“, владата ја промовираше туристичката понуда на земјата на странските туристи со цел да ги заинтересира да ја посетат, а со најновата кампања „Ти си лицето на твојата земја“ или „добри домаќини, за подобар туризам“ се пренесува пораката дека треба да се подобри однесувањето и услугата за да се привлечат повеќе туристи.
Значи во Турција имаа стратегија, но им требаше 15 години, за да после 15 години бидат светска сила во туристичката област. Кај нас имаше два-три обиди за стратегија за развој на туризам, но сите тие беа краткорочни, мислам дека конечната верзија не се усвои. Но, нема време за чекање, иако се чуствува дека има многу напредок во областа на туризамот, особено за инкаминг туристи, само што чекорите се парцијални.

Беа поставени и билборди низ соседните земји, а се рекламиравме и на светските познати медиуми како Си Ен Ен. Освен таквата промоција на земјата се формираше и Комитет за туризам во владата на чело со премиерот Никола Груевски, а ја имаме и Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот. Сè со цел Македонија да се најде на туристичката мапа во светот, бидејќи како што ќе кажат упатените, оваа гранка е една од најважните за развој на земјата.

Потребна е долгорочна стратегија
Дојранско Езеро.

Дојранско Езеро.


Експертите се согласни дека рекламите треба да ги има, а забележан е и одреден напредок во однос на минатото и бројката на туристи е зголемена. Но, тоа не е доволно, бидејќи треба уште многу да се работи за да се постигнат долгорочни резултати.
Како технолошките процеси се движат напред, така и таа се менува, се работи на остварување на стратегијата, тоа го предводи Министерството за економија – секторот за туризам, партиципира и стопанството во неа, имаме значи стратегија и се работи на неа.

Претседателот на стопанската комора за туризам Емил Димитровски вели дека проблемот е во стратегиите кои се на краток рок.

„Значи во Турција имаа стратегија, но им требаше 15 години, за да после 15 години бидат светска сила во туристичката област. Кај нас имаше два-три обиди за стратегија за развој на туризам, но сите тие беа краткорочни, мислам дека конечната верзија не се усвои. Но, нема време за чекање, иако се чуствува дека има многу напредок во областа на туризамот, особено за инкаминг туристи, само што чекорите се парцијални.“
Преспа.

Преспа.


Според Димитровски, мора да постојат владини тела, бидејќи некои работи се спроведуваат по директива.
Македонија е мала држава, со мал сместувачки капацитет и туристички и културно-историски убавини. Ние не сме туристичка дестинација каква што е Хрватска, Турција и да не речам како поголемите Франција или Италија. Според мене, би било најпаметно сета таа енергија да се усмери и да се сконцентрира на туристи од две или од три држави.

„Тоа сè е во ред, само мое мислење е дека требаше малку поорганизирано да се настапи во стратегијата и во акциониот план. Инаку за чекорите кои се прават - Не можете вие да очекувате да ви дојдат гости ако немате реклама. Реклама мора да посоти, мора да постои координација на сите постапки што се прават во Министерствата и приватните инвеститори и сектори.“

Претседателот на Здружението на хотелиери „Хотам“, Дончо Танески, пак, вели дека стратегија има и се работи на нејзино остварување.
Кокино, фотографија на македонскиот фотограф Љупчо Илиевски.

Кокино, фотографија на македонскиот фотограф Љупчо Илиевски.


„Меѓутоа таа знаете како, како технолошките процеси се движат напред, така и таа се менува, се работи на остварување на стратегијата, тоа го предводи Министерството за економија – секторот за туризам, партиципира и стопанството во неа, имаме значи стратегија и се работи на неа.“

Професорот на факултетот за туризам и менаџмент Димитар Бојаџиевски, вели дека првиот чекор за развој на туризмот е направен успешно, поради тоа што се повеќе туристи ја посетуваат земјава. Според него, добро е што постојат владини тела, но тие работат аматерски, бидејќи се расплинуваат на сите пазари.
Првиот круг, првото прашање е што правиме со логистиката, односно со летовите. За земјите каде што имаме летови, тоа е поблаго прашање и е во ред, меѓутоа во земјите кадешто немаме директни летови веднаш се поставува прашањето – Е добро кој ќе го постави чартер летот?, бидејќи тоа е инвестиција, не е толку скапа работа, отколку што е инвестиција. Тур-операторите имаат проблеми, ако го постават чартер летот, дали ќе им се наполни, сите си балансираат, гледаат каков им е ризикот, гледаат каков им е ризикот на пазарот и врз основа на тоа одлучуваат. Има интерес за Македонија, меѓутоа се гледаат и таквите ризици.

„Македонија е мала држава, со мал сместувачки капацитет и туристички и културно-историски убавини. Ние не сме туристичка дестинација каква што е Хрватска, Турција и да не речам како поголемите Франција или Италија. Според мене, би било најпаметно сета таа енергија да се усмери и да се сконцентрира на туристи од две или од три држави.“

Освен на туристи од Холандија, треба најмногу да се сконцентрираме и на привлекување на гости и од Англија и Германија, додава Бојаџиевски.

„Германија е економски најмоќна држава во Европа, бидејќи со своите 85- 86 милиони жители, околу 40 милиони патуваат надвор. Значи тука може да фатиме да речам едно добро парче на туристи за кај нас. И со Англија е истото.“

Нема летови кон Македонија

Околу програмата и активностите на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и како тие функционираат поразговаравме со нејзиниот претседател Јордан Трајков.

РСЕ: Колку сте задоволни од досегашната работа, кампањите, рекламите и слично во однос на тоа колку туристи ја посетуваат Македонија оваа година споредбено со минатите. Колку има подобрување?
Село Љубојно, Преспа.

Село Љубојно, Преспа.


Мислам дека сме многу, многу поскапи за разлика до другите места, еве на пример Црна Гора е далеку поевтино, еве нека е и исто, но друго е море, друго е езеро.
Како Агенција за поддршка и промоција на туризмот секоја година даваме програма до владата. Ние таа програма целосно ја исполнивме, бидејќи поголемиот дел од промотивните активности се од јануари до април, а потоа ги чекаш туристите да дојдат. Значи ние 90 отсто од таа програма остваривме, според нас успешно, е сега ги чекаме гостите да дојдат. Мислам дека сега е сè уште рано да се каже какви ќе бидат резултатите, меѓутоа првично е дека ќе имаме зголемување во однос на лани, тоа е првичната опсервација.

РСЕ: На што се однесуваше програмата?
Охридско Езеро.

Охридско Езеро.


Самото име на Агенцијата кажува сè, значи ова е Агенција за промоција и поддршка на туризмот, со тоа што буџетот беше скромен и се однесуваше повеќе на промоција во однос на поддршка, бидејќи немавме средства. Во однос на промоцијата имавме неколку типови во странство што ги одработивме, дали се тоа саеми, печатење на промотивни материјали, делење на истите, средби со тур-оператори, организирање на промотивни прошетки на тур-оператори и на новинари од странство во Македонија и така натаму. Значи сите тие зацртани активности ги реализиравме.
Ние имаме локалитети со историско значење, вредни, каде има многу богати приказни, меѓутоа немаме инфраструктура, не можеме да ги однесеме туристите да ја доловат таа слика на лице место, на објектот, на културното наследство. Исто така многу големо внимание треба да се посвети на хигиената, основни две нешта се тие.

РСЕ: Колку на тие саеми и на средби со туристичките работници од другите земји тие покажуваат заинтересираност?
Галичка свадба.

Галичка свадба.


Има заинтересраност, но секогаш се поставува клучното прашање на логистиката. Оние земји кои се подалеку од Македонија, прашањето е на авионските летови. Затоа ние како Агенција веќе го делиме пазарот на три кругови: прв круг - земјите од Балканот и Турција од кадешто можат кај нас да дојдат и со автомобил, автобус или имаат кратки летови; вториот круг е Европа, а третиот е целиот свет. Кога одиме во земји кои се надвор од првиот круг, првото прашање е што правиме со логистиката, односно со летовите. За земјите каде што имаме летови, тоа е поблаго прашање и е во ред, меѓутоа во земјите кадешто немаме директни летови веднаш се поставува прашањето – Е добро кој ќе го постави чартер летот?, бидејќи тоа е инвестиција, не е толку скапа работа, отколку што е инвестиција. Тур-операторите имаат проблеми, ако го постават чартер летот, дали ќе им се наполни, сите си балансираат, гледаат каков им е ризикот, гледаат каков им е ризикот на пазарот и врз основа на тоа одлучуваат. Има интерес за Македонија, меѓутоа се гледаат и таквите ризици, дали можат да го исполнат авионот. Е сега од друга страна големо олеснување е што владата дава субвенции, така што тоа ја олеснува таа работа.
Лани имавме двоцифрен раст, имавме 25 отсто зголемен број на туристи, а 30,2 отсто зголемен број на ноќевања. Оваа година очекуваме зголемување и се надевам дека ќе има пак двоцифрено зголемување, меѓутоа ако така продолжиме со силни промотивни активности, а од друга страна да не работиме на инфраструктурата, во тој случај за две години веќе инфраструктурата ќе стане проблем. Бидејќи инфраструктура не се гради преку ноќ, потребно е сега да размислуваме и да бидеме брзи во градење на таа инфраструктура.

За македонските граѓани поскапо е дома, отколку во странство

Како на туристичката понуда на Македонија гледаат граѓаните и дали би избрале одморот да го поминат дома или пак во некоја странска земја.

„Кај нас има што да се види, но за мене зборувам, јас сакам да видам ново нешто, ова е веќе видено. Мислам дека сме многу, многу поскапи за разлика до другите места, еве на пример Црна Гора е далеку поевтино, еве нека е и исто, но друго е море, друго е езеро.“
Матка.

Матка.


„Подобро би било да се летува во Охрид, приходите ќе отидат во државата, меѓутоа треба и туристичките работници да преземат некакви мерки да бидат конкуренти на соседните земји за да се привлечат туристите во Македонија.“

„По финансиите подобро е во другите земји и поевтино е и подобри плажи и сè.“

„За секој џеб има по нешто.“

Нема развој на туризмот без инфраструктура
Туризмот мора да го работат и водат професионалци, а ги има квалитетни професионалци во доволен број од туристичкото стопанство, тоа се туристичките агенции, хотелите, трнаспортните организации. Има во високообразовните институции од областа на туризмот, тука мислам на сите факултети во државата и не може да се дозволи некој што нема искуство ни пет дена или пет месеци или една година да го води туризмот. Професионалците се единствената шанса Македонија да го развие туризмот.

Претседателот на здружението на туристички агенции(АТАМ) Миле Спировски, вели дека туризмот полека бележи напредок, бидејќи на него досега не се гледало како исплатлива економска гранка, но дека и натаму проблем претставува инфраструктурата, како и хигиената.

„Ние имаме локалитети со историско значење, вредни, каде има многу богати приказни, меѓутоа немаме инфраструктура, не можеме да ги однесеме туристите да ја доловат таа слика на лице место, на објектот, на културното наследство. Исто така многу големо внимание треба да се посвети на хигиената, основни две нешта се тие.“

И според Танески, еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат е патната инфрастурктура.

„Патната инфраструктура остана, владата ја стави во програми и така натака, но не се појавија инвеститори и сето тоа е отворено и виси, претпоставувам работат, но ние во моментот од тоа немаме среќа, со оваа сосотојба на патната инфраструктура.“
Манастирот Св. Јован Бигорски.

Манастирот Св. Јован Бигорски.


За разлика од нив, Трајков тврди дека нашата инфраструктура во моментов дозволува раст на бројот на туристи, но сепак признава дека мора да се работи и на нејзина обнова.

„Лани имавме двоцифрен раст, имавме 25 отсто зголемен број на туристи, а 30,2 отсто зголемен број на ноќевања. Оваа година очекуваме зголемување и се надевам дека ќе има пак двоцифрено зголемување, меѓутоа ако така продолжиме со силни промотивни активности, а од друга страна да не работиме на инфраструктурата, во тој случај за две години веќе инфраструктурата ќе стане проблем. Бидејќи инфраструктура не се гради преку ноќ, потребно е сега да размислуваме и да бидеме брзи во градење на таа инфраструктура.“

Спировски смета дека само добра приказна може да привлече повеќе туристи. Не е важно какви хотели имаме, туку што нудиме на пазарот.

„Ние имаме многу големи можности за еко туризам, за здравствен туризам. Имаме неискористени термални води што течат низ источна Македонија, имаме планини и места каде има еколошки чист воздух, посебно еве во Подпелистерието, меѓутоа нема инфрструктура горе, па така не може ни да функционира. Ние немаме инфраструктура за изворите, а видете Бугарија што направи и колку направи со тие Сандански, Банско, тие спа центри и привлече огромен број на туристи, така да ние имаме можности за туристичка понуда за целата година.“

Според Спировски, за вистински да се решат сите проблеми во туризмот треба да се вклучат и луѓе од браншата.

„Меѓутоа и сега за овој Комитет и за Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, треба да има луѓе од браншата, од праксата, сепак ние сме по 20-30 години во тоа инволвирани, многу работи знаеме, само можеме да помогнеме, никако да одмогнеме.“

И Бојаџиевски смета дека туризмот треба да им се остави на професионалците.

„Туризмот мора да го работат и водат професионалци, а ги има квалитетни професионалци во доволен број од туристичкото стопанство, тоа се туристичките агенции, хотелите, трнаспортните организации. Има во високообразовните институции од областа на туризмот, тука мислам на сите факултети во државата и не може да се дозволи некој што нема искуство ни пет дена или пет месеци или една година да го води туризмот. Професионалците се единствената шанса Македонија да го развие туризмот.“

Според Димитровски, мора да се вклучат сите засегнати страни, односно владата, локалната самоуправа и приватниот сектор да работат заедно.

„Мора да се работи заеднички и сите што ќе вложуваат да знаат што ќе добијат на крај. Јас очекувам последен да се вклучи приватниот сектор, затоа што се работи за лични пари и средства и секогаш ќе гледа да добие бенефит од тоа што ќе го вложи. А не да вложи во патна инфраструктура или во одредени развојни дејности каде утре може општината тоа да го промени преку ноќ.“

Според последните податоци на Државниот завод за статистика, бројот на туристите од јануари до април оваа година е зголемен за 4,6 насто во однос на истиот период минатата година, односно земјава ја посетиле 40.700 лица. Во периодот од јануари до декември 2011 година бројот на туристите исто така е зголемен за 10,5 насто во однос на 2010 година. Туристичките работници се надеваат дека истиот тренд ќе продолжи и оваа година и дека ќе имаат успешна летна сезона.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG