Достапни линкови

Протести во Шпанија: Кратете кај банкарите, а не кај работниците


Spain -

Spain -

Илјадници работници на јавниот сектор во Шпанија ги блокираа улиците на Мадрид поради најавените мерки за штедење на владата, која се готви на најдлабоки буџетски кратење за изминативе 30 години.
Тие маршираат под слоганот „Кратете кај банкарите а не кај работниците“. Шпанскиот Крал Хуан Карлос испрати ретка политичка порака до владата во која бара од неа да не ги заборава младите и тие кои страдаат поради невработеноста како и на перспективите, додека се готви новиот пакет заштеди од 80 милијарди долари. Пакетот се однесува на зголемување на данокот на додадена вредност, на кратења на бенефициите на невработените и кратење на платите во јавниот сектор. Невработеноста во Шпанија изнесува 24,4 насто од кои 52 проценти се млади.
XS
SM
MD
LG